FULL VERIFIED PARTNER

Партнер мрежа на верифицирани авто-перални во Македонија од страна на FULL Car Care

Губиш муштерии?

Биди дел од FULL VERIFIED PARTNER програмата

  FULL VERIFIED PARTNER е мрежа на авто-перални кои ги исполнуваат стандардите на FULL CAR CARE за квалитет, хемија и третирање на водата.
Со FULL VERIFIED ознаката, вашите клиенти веднаш препознаваат дека посетуваат проверена авто-перална со стандардизиран и висок квалитет на услугата.

FULL VERIFIED Partner е ознака за квалитет што ги издвојува авто-пералните кои ги исполнуваат високите стандарди на FULL CAR CARE. Со користење на нашата премиум хемија и правилно третирана вода, на вашите клиенти им гарантирате совршен сјај и максимална заштита на возилото. Овој статус на возачите веднаш им кажува дека посетителот добива проверена, професионална и стандардизирана услуга без компромис.

Зошто да се приклучиш?

Програмата FULL VERIFIED е наша гаранција за возачите дека секогаш ќе го добијат највисокиот квалитет на перење. Преку овој систем, FULL CAR CARE врши целосна стандардизација на квалитетот, хемијата и третманот на водата во сите авто-перални кои се дел од мрежата. Тоа значи дека во кој било град, штом ја видите ознаката FULL VERIFIED, можете да бидете целосно сигурни дека вашето возило добива ист, бескомпромисен и врвен стандард на услуга.​

Секоја FULL VERIFIED авто-перална добива персонализирана активна пена, специјално развиена и приспособена за нејзините услови. Нашата формулација ја адаптираме според специфичниот состав на водата (тврдост, присуство на хлор), типот на опремата и системот на дозирање. На овој начин се постигнува максимална ефикасност, густа пена и совршени резултати при секое перење.​

Со секој FULL VERIFIED партнер градиме заедичка маркетинг стратегија дизајнирана да привлече голем број нови клиенти и да ја зголеми препознатливоста на вашиот објект. Од наша страна добивате константно маркетинг покритие — промоција преку нашите канали, дигитални кампањи и поддршка што ви обезбедува постојан прилив на возачи кои бараат исклучително квалитетна услуга.

Закажи консултација и станете дел од FULL VERIFIED!

Закажете консалтинг со нашиот тим. 

Контакт
+389 75490245
INFO@FULLCARCARE.MK


ПОПУЛАРНИ ПРОДУКТИ

Продукти кои најчесто се купувани