ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Активни пени

Нашите активни пени се произведени по највисоки стандарди. Сите активни пени проаѓаат низ детално тестирање, во лабораторија но и во реални услови и ситуации. 

Сите пени се користат на ист начин. Најпрвин возилото мора да е под сенка, да не е изложено на директно сонце. 
Може да се користат со неколку вида распрскувачи. (Пеномат, foam lance, прскалка…)
Се раствора по препорака на етикетата. 
Се нанесува директно на суво возило без претходно исирање со вода. 
Потоа се остава активната пена да изреагира 1-2 минути, и потоа се плакни детално од доле кон горе со машина за вода под висок притисок.
Доколку сакате можете да ја пребришете со микро-фибер крпа.

Да. При производство нашите активни пени во предвид ги земавме и возилата со керамичка заштита и восоци. Нашите активни пени немаат разредувачи кои ја „нагризуваа“ керамичата заштита. Препорачана пена за возила со керамичка заштита или восок е Sapphire Active Foam

Да. Иаку не делува реално дека водата може да има улога да ја намали ефикасноста на активната пена. Постои мека и тврда вода. Препорачано е перење со мека вода од водовод, бидејќи тврдата вода од бунар има тенденција да ја намали ефикасноста на активната пена затоа што има многу повеќе концентрација на калциум и магнезиум и други метали.

Не. Не постои активна пена која е pH – неутрална а да има безконтактно перење. Нашите активни пени се од pH9 до pH11 во концентрирана форма. Но тоа не треба да ве загрижува, нашите активни пени се безбедни 100%. 

Растворање

Сите наши активни пени се со растворање 1:100Л
Што значи тоа? 
1:100Л е размер на 1Л активна пена на 100Л вода. 
Примери:
Доколку имате 10Л прскалка ставате 100мл Активна пена и досипувате 10л вода.
Во пеномат од 60Л треба да сипете 600мл активна пена.

Доколку користите пеномат, следните информации ќе Ви бидат потребни за побрзо и поедноставно растоврање.
Прво го полните со вода до 70% тогаш ставате активна пена, и досипувате до 100%. Со овој процес 100% сте ја раствориле активната пена. Нашите активни пени прават доста густа пена, па препорачуваме да ги наштелувате пеноматот да Ви произведува тенка но не премногу течна пена. 

Општи прашања

Производите се 100% наше производство. Прва македонска фирма која произведува исклучиво авто козметика. 

И тие брендови некогаш биле мали. Ние сме домашна семејна компанија која полека но сигурно се докажува во нашата држава, пополека и во соедните држави. Нудиме иновативно, квалитетено и безбедно решение по многу по поволна цена. Квалитетот и професионалната работа не поставија како водечка компанија за авто козметика во Македонија.  Нашите производи пополека може да ги видите во секоја авто-перална. 

Не, немаме продавница. 
Работиме он-лајн продажба и физичка продажба со наше возило и комерцијалист кој има знаење да Ви ги одговори сите ваши прашања за нашите производи. 

Нарачки

Нарачка можете да направите на нашата веб страна, нашата фејсбук страна или со повик на 075 490 245

Доколку сакате да нарачате од Скопје, Куманово имаме наша достава која е бесплатна.
За сите други градови и села соработуваме со Eco Logistic, доставуваат до домашна адреса. 
Цена на достава зависно од тежината во просек од 140 до 200денари. 

Секој ден од 09:00 до 20:00
ИЛИ

Пишете ни порака на Facebook

Shopping Cart